ФОН ДЕР ЛАЈЕН НАЈАВУВА НОВА ЗАШТИТА ОД ЕВТИН УВОЗ ОД ТРЕТИ ЗЕМЈИ Дали и македонските компании ќе бидат засегнати?

Комисијата, исто така, ќе предложи пакет за солидарност за земјите што се соочуваат со специфични трговски закани.

1

Европската комисија ќе предложи нови мерки за заштита на Европската Унија од нелојална конкуренција и дампинг увоз. Соопштението го даде во Европскиот парламент претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Централниот дел од предлогот е механизам што ќе им овозможи на членките на ЕУ брзо да го ограничат пристапот до единствениот пазар во случај на ненадеен прилив на евтини стоки што ја загрозуваат европската индустрија.






– Конкурентноста зависи од тоа нашите компании да можат да се натпреваруваат под фер услови на глобално ниво – рече фон дер Лајен.

Комисијата, исто така, ќе предложи пакет за солидарност за земјите што се соочуваат со специфични трговски закани.

– Во свет каде што економската моќ сè повеќе се користи како оружје, Европа мора да ја искористи својата економска моќ за заеднички да ги брани своите интереси – заклучи претседателката на Комисијата.

Поврзани содржини