📽️ ТРАМП ЗАСТАНА И ПОЧНА ДА МАВТА ВО ПРАЗНО Неверојатна снимка од Белата куќа

Американскиот претседател бил снимен како мавта и салутира на хелиодромот пред Белата куќа, додека неговите соработници му приоѓале од друга насока. Снимката предизвика шпекулации на социјалните мрежи, но не дава одговор за причината за неговото однесување.

161

Американскиот претседател Доналд Трамп беше снимен во понеделникот како мавта и салутира кон празен простор на хелиодромот пред Белата куќа, додека се упатувал кон хеликоптерот со кој требало да замине за Канзас на митинг во пресрет на изборите на средината на мандатот.

Поширокиот кадар покажува дека во непосредна близина на претседателот немало никого, што поттикна нови прашања за неговото здравје, објави „The New Republic“.

 






На друга снимка се гледа како Трамп, додека оди кон претседателскиот хеликоптер „Marine One“, ја влече десната нога и удира со неа по подлогата. Во еден момент ненадејно застанува и почнува да мавта кон празниот простор, додека неговите соработници му приоѓаат од сосема друга насока.

Снимките предизвикаа реакции на социјалната мрежа X, каде што дел од корисниците почнаа да шпекулираат дали претседателот можеби халуцинирал или, пак, мавтал кон сопствената сенка. Станува збор за претпоставки на корисници на социјалните мрежи, а самите снимки не се доволни за да се утврди што точно го предизвикало неговото однесување.

„Сега сум целосно убеден дека менталната состојба на Доналд Трамп сериозно се влошува. Замислете само за момент Џозеф Бајден да мавташе вака кон празен простор. Замислете што ќе кажеше ‘Fox News’ за тоа“, напиша политичкиот подкастер Брајан Красенштајн.

Ова не е првпат да се појават реакции дека Трамп изгледа дезориентирано. Во октомври минатата година, за време на посетата на Јапонија, се чинеше дека заборавил каде треба да оди додека минувал низ просторијата. Во еден момент ја оставил зад себе и јапонската премиерка Санае Такаичи.

 

Најновите снимки повторно ги поттикнаа коментарите за неговото однесување и здравствената состојба. Во текстот на „The New Republic“ се наведуваат и претходни ситуации во кои, според оценките на авторот, Трамп ја губел мислата, изгледал дезориентирано или имал тешкотии да ги пронајде зборовите по враќањето на претседателската функција.

Поврзани содржини