ЛАГА Е ДЕКА ОБВИНИТЕЛ СЕ ПОВЛЕКОЛ ОД ИСТРАГАТА ВО КОЧАНИ Обвинителството ја демантира ДУИ
Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација на кривичните дела за осомничените, реагира Јавното обвинителство на наводите што ги изнесе опозициската ДУИ.
Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација на кривичните дела за осомничените, реагира Јавното обвинителство на наводите што ги изнесе опозициската ДУИ.
„Обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија“, соопшти Обвинителството.
Оттаму посочуваат дека не се повлекол обвинител ниту од тимот обвинители од основните јавни обвинителства што ги истражуваат причините за пожарот, ниту од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција кое врши истрага за полициските службеници.
ДУИ утрово со драматично соопштение предупреди за политички притисок во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Всушност, на опозициската партија најголем проблем ѝ е што нејзиниот член Крешник Бектеши, кој е осомнилен во истрагата, и натаму останува во притвор.
„ДУИ со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот – под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта. Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество. Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бекташи, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда. Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација“, соопшти ДУИ.
Тимот на обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани е составен од 11 јавни обвинители.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 61 лице, а околу 200 беа повредени.