КУПИВТЕ СТАН ВО ШПАНИЈА, Е СЕГА ПРЕСМЕТАЈТЕ КОЛКУ ЌЕ ПЛАТИТЕ ДАНОК Се воведува 100% данок за сопственици на имоти од земји кои не се во ЕУ

Ова е една од 10 мерки што вчера ги претстави премиерот Педро Санчез, со цел да се реши станбената криза во земјата, поради трошоците за домување кои се зголемија надвор од можностите на многу жители во земјата,

6,853

Шпанската влада најави дека планира да воведе данок до 100% на имот купен од жители на земји кои не се членки на ЕУ, меѓу кои се и Велика Британија и САД.

Ова е една од 10 мерки што вчера ги претстави премиерот Педро Санчез, со цел да се реши станбената криза во земјата, поради трошоците за домување кои се зголемија надвор од можностите на многу жители во земјата, пренесува Гардијан.






Во своето обраќање, Санчез наведе дека цените на недвижностите кои се зголемија за 48% низ цела Европа во последната деценија, далеку ги надминуваат приходите на домаќинствата.

-Западот се соочува со одлучувачки предизвик: да не стане општество поделено на две класи, богати сопственици на недвижности и сиромашни станари – рече тој на економски форум во Мадрид.

Предложените мерки вклучуваат проширување на понудата на социјални станови, стимулации за оние кои реновираат и изнајмуваат слободни имоти по пристапни цени и намалување на бројот на туристички апартмани.

– Во Шпанија, само 2,5% од станбениот простор се издвојува за социјални станови, бројка што е многу помала од земјите како Франција и Холандија – рече Санчез.

Жителите на Велика Британија, САД и Мароко долго време масовно купуваат недвижен имот во Шпанија  особено на места како Ибица, Марбела и Барселона.

– Само во 2023 година, нерезиденти на Европската унија купија околу 27.000 куќи и станови во Шпанија. И тие не го направија тоа за да живеат во нив, не го направија тоа за нивните семејства да имаат каде да живеат. Тоа го направија за да шпекулираат, за да заработат од нив, што ние – во контекст на недостигот во кој се наоѓаме – очигледно не можеме да го дозволиме – рече Санчез.

Тој не кажа како ќе функционира планот и кога ќе биде финализиран и испратен до парламентот на одобрување.

Поврзани содржини