ЛЕТОВИ ОД 19 ЕВРА СО БАГАЖ ОД 8 КИЛОГРАМИ, БЕЗ НАДОМЕСТ Стартува нова нискобуџетна авиокомпанија

Од 1 декември, „Флај2Галиција“ (Fly2Galicia) започнува со летови од Сантијаго де Компостела до осум дестинации во Шпанија и остатокот од Европа, вклучувајќи ги Минхен, Милано, Брисел, Прага и Венеција.

1

Европа добива уште една нискобуџетна авиокомпанија која ќе има седиште на шпанскиот аеродром Сантијаго де Компостела. Станува збор за „Флај2Галиција“ (Fly2Galicia) која започнува со летови од 1 декември до осум дестинации во Шпанија и остатокот од Европа, вклучувајќи ги Минхен, Милано, Брисел, Прага и Венеција. Промотивните цени веќе се објавени и почнуваат од 19 евра, а најевтината тарифа вклучува два рачни багажа.

Освен шпанските градови Сарагоса, Аликанте и Гранада, „Флај2Галиција“ ќе го поврзе Сантијаго со Брисел, Минхен, Милано, Прага и Венеција. Планирани се вкупно 17 летови неделно, а досега е планирано таков распоред да трае до октомври 2027 година.






Најниски цени се објавени за домашните линии до Аликанте, Гранада и Сарагоса, за кои еднонасочните билети треба да бидат достапни од 19 евра. Најавени се цени од 39 евра за Милано и Брисел, а 49 евра за Минхен, Прага и Венеција.

Авиокомпанијата  сака да привлече патници и со својата политика за рачен багаж. Дури и најевтината тарифа вклучува личен предмет и едно парче рачен багаж со тежина до осум килограми, без дополнителен надомест.

„Флај2Галиција“ не е класична авиокомпанија будејќи нема сопствен  сертификат за авиокомпанија, т.е. AOC, па затоа нема да оперира самостојно. Тоа е комерцијален бренд под кој се продаваат билети и се развиваат линии, додека самите летови ќе ги опслужува романската компанија „ФлајЈо“, специјализирана за чартер летови.

„ФлајЈо“ ќе ги обезбеди авионите и екипажот, а „Флај2Галиција“ ќе се занимава со продажба на билети и развој на мрежата. Летовите првично ќе бидат опслужувани со „Ербас А320“, а се разгледува и воведување на уште еден авион во текот на летото 2027 година.

Поврзани содржини