СДСМ ПОДНЕСЕ ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ Филипче бара објаснувања од Сиљановска-Давкова за назначувањето на гувернерот

21

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески во Собранието поради случајот со Алта банка, соопшти лидерот на партијата Венко Филипче.

– После веќе поднесените кривични пријави, сметаме дека треба да има и политичка одговорност за работата на гувернерот Трајко Славески по повеќе основи. Немаше соодветни ниту логични одговори на Надзорната расправа, нема сè уште одговори од негова страна и на прашањата кои што на овој начин во јавност ги поставуваме – рече Филипче.






Филипче на денешната прес-конференција ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да одговори дали имала притисок за номинирањето на Трајко Славески за гувернер на Народната банка.

– Сиљановска-Давкова е поканета на продолжението на Надзорната расправа за случајот со Алта банка, каде што треба да објасни како го номинирала Славески, како денес гледа на скандалот и дали можеби има поинаков став за неговото именување, но претседателката повторно нема да присуствува, отиде на патување – рече тој.

Поврзани содржини