🎥 КРУЗЕР СО 238 ЛУЃЕ СЕ НАСУКА НА ДУНАВ ПОРАДИ НИСКИОТ ВОДОСТОЈ Патниците се евакурани, но мали се шансите бродот да се помрдне

Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон Видин, но поради нискиот водостој на Дунав се насука.

0

Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници  од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот водостој на Дунав. На бродот имало и 52 члена на екипажот.

Бродот, што плови под знаме на Швајцарија требало да пристигне во бугарскиот град Видин за да ги надополни резервите за храна и вода.






Бродскиот агент ангажирал друг брод за да ги собере патниците, но не можел да се приближи доволно до заглавениот крузер. Потоа реагирала бугарската гранична полиција која ги евакуирала патниците.

По евакуацијата на патниците на брод останале 52 членови на екипажот.

Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон Видин, но поради нискиот водостој на Дунав се насука.

Во текот на ноќта и утрото помеѓу понеделник и вторник, беа направени неколку обиди за ослободување и преместување на бродот, но без успех.

Нивото на реката е исклучително ниско, а протокот на Дунав е околу 1.600 кубни метри во секунда, поради што бродот не можеше да го продолжи своето патување.

Претставници на надлежните служби изјавија дека изгледите за деблокирање на бродот во моментов се мали, бидејќи нивото на водата во Дунав е исклучително ниско, а протокот на реката е околу 1.600 кубни метри во секунда.

Покрај „Викинг Улура“, уште околу 15 крузери останаа заробени на унгарскиот дел од Дунав, додека повеќето товарни бродови престанаа да пловат поради рекордно ниско ниво на вода, објави денес унгарското Министерство за транспорт и инвестиции.

Поради ниското ниво на водата, кое влијае на целиот 2.412 километри од водениот пат на Дунав, големите бродови мора да пловат со само 10 сантиметри простор помеѓу трупот на бродот и речното корито, поради што се принудени да превезуваат многу помалку товар и патници, пренесува MTI.

Поврзани содржини