Претставникот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги отфрли гласините дека рускиот претседател Владимир Путин се преселил во посебен бункер за време на пандемијата на коронавирус.
– Путин живее во својата резиденција во Ново Орарјово, недалеку од Москва, доаѓа во Кремљ и повремено оди на ретки службени патувања. Технолошките средства му овозможија непречено да ги извршува своите работи и да комуницира без чести патувања – рече Песков во интервју за телевизискиот канал Росија 1, пренесува ТАСС.