НЕ Е ДО ОРМУЗ, ТУКУ ДО УКРАИНСКИТЕ НАПАДИ Трамп откри што ја крева цената на бензинот

Трамп тврди дека Ормускиот Теснец веќе не е причината за поскапиот бензин. Шефот на САД го впери прстот кон украинските напади врз руските рафинерии.

111

Претседателот на САД Доналд Трамп вели дека нападите на Украина врз руските нафтени рафинерии се вистинската причина за зголемената цена на бензинот во САД. На својата социјална мрежа Трамп вели дека прчината не е во протокот на нафта низ Ормускиот Теснец и војната во Иран.

„Она што ја крева цената на бензинот веќе не е Ормускиот Теснец – бидејќи сега речиси секојдневно се испорачуваат рекордни количества нафта – туку прашањето за рафинериите: оние во Русија што Украина ги разнесува и оние нашите што ги затвораат ‘Демократите’ во ‘сините’ сојузни држави, како Калифорнија“, напиша Трамп на „Трут соушл“.






Неговата порака доаѓа во момент кога протокот на нафта од Блискиот Исток значително закрепна.

Податоците на „Кплер“ покажуваат дека испораките кон крајот на септември дури ги надминале предвоените 18 милиони барели дневно, иако цената на суровата нафта и натаму останува висока.

Во исто време, украинските напади врз рускиот нафтен сектор продолжуваат. Украина тврди дека со серијата удари онеспособила повеќе од половина од рускиот капацитет за преработка на нафта, додека Москва воведе ограничувања на извозот на дел од горивата.

Иранскиот бригаден генерал Али Фадави, пак, денеска тврдеше дека Техеран ја задржал контролата врз Ормускиот Теснец во текот на повеќемесечниот судир.

– Американците се присутни во Персискиот Залив од 1853 година, но сега, за првпат, ниеден американски брод не е присутен не само во Персискиот Залив, Ормускиот Теснец и Оманското Море, туку дури ни во северниот дел на Индискиот Океан – изјави Фадави.

Цената на горивото стана сериозен проблем и за Вашингтон. Трамп претходно разгледуваше можност за ограничување или забрана на американскиот извоз на дизел, но денеска беше објавено дека се откажал од забраната, во време кога Г7 договори ослободување 100 милиони барели дизел и сурова нафта од резервите.

Поврзани содржини