КРАЛОТ ЧАРЛС ПРЕЧЕКАН СО АВСТРАЛИСКИ ЗНАМИЊА ВО ВАШИНГТОН? Грешката беше брзо исправена

Забуната најверојатно произлегла од самиот дизајн: австралиското знаме го има британското знаме „Јунион Џек“ во горниот лев агол, но се разликува по шесте бели ѕвезди на сина позадина.

1

Австралиски знамиња по грешка беа развеани во Вашингтон, пред посета на кралот Чарлс – потег што многумина го оценија како комичен, почетнички кикс.

Низ главниот град беа поставени стотици национални знамиња за добредојде на британскиот монарх, меѓу кои британски и американски обележја. Но, некако меѓу нив се најдоа и 15 австралиски знамиња.

Фотографии покажуваат групи австралиски знамиња поставени на црни канделабри во близина на Белата куќа и зградата на Извршната канцеларија на Ајзенхауер.

Забуната најверојатно произлегла од самиот дизајн: австралиското знаме го има британското знаме „Јунион Џек“ во горниот лев агол, но се разликува по шесте бели ѕвезди на сина позадина.

Грешката била брзо исправена и знамињата биле отстранети, изјавил претставник на Одделот за транспорт на Ди-Си за Ројтерс.

Инцидентот предизвика бројни реакции на интернет, каде многумина се потсмеваа на забуната.
Не можеле да одвојат ни 15 секунди да прогуглаат „знаме на Обединетото Кралство“?

Сепак, имаше и такви што посочија дека знамето од земјата Даун андер“ (Австраија) и не би било толку несоодветно.

Кралот Чарлс пристигна во САД во понеделникот во четиридневна државна посета по повод 250-годишнината од потпишувањето на Декларацијата за независност. Заедно со сопругата, кралицата Камила, тој ги посети Вашингтон, Њујорк и Вирџинија.

Фото: Принтскрин

 

Поврзани содржини