НИКОЛОСКИ ВО НОЌЕН УВИД НА РАБОТИТЕ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Најавено пуштање на клучката кај Требеништа

Министерот за транспорт и врски информира дека интензивно се работи и на споредните патишта, кои не биле предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.

1
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски заедно со директорот на ЈП Патишта Коце Трајановски синоќа извршија увид во изградба на автопатот Охрид-Кичево каде што се работи и навечер.

Николоски во објавата на Фејсбук најави дека од денеска ќе биде пуштена во сообраќај клучната на автопатот кај Требеништа и дека се работи на споредните патишта, со цел сите населени  места да бидат поврзани со автопатот.

„На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден. Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево. Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни. Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано“, напиша Николоски на Фејсбук.

 

Поврзани содржини