Ковид-19 се пренесува и преку дишење?
Според Фајберг, фактот дека коронавирусот се пренесува и по пат на воздухот би можело да се смета за одговор на прашањето зошто ковид-19 е толку многу заразен и како толку брзо се шири од човек на човек.
Коронавирусот се шири по пат на респираторни капки кои произлегуваат преку кашлање или преку кивање, но научниците од Националната академија на науките во САД тврдат дека заразата со ковид-19 се шири и преку дишење ист воздух во една иста просторија.
Воздухот што заразените пациенти го испуштаат при дишење е подеднакво опасен како и респираторните капки.
Ваквото тврдење на научниците било наведено и во извештајот кој бил испратен во Белата куќа, а како што напишал поранешниот декан на Универзитетот Харвард, Харви Фајберг, воздухот што заразените пациенти го испуштаат при дишење е подеднакво опасен како и респираторните капки што произлегуваат од кашлање или од кивање.
Тој го смета за точно истражувањето кое неодамна било спроведено во една кинеска болница, а кое докажало дека вирусот може да се задржи во воздухот исто како што се задржува на другите површини.