КАПИТЕНОТ НА ШВАЈЦАРИЈА ЉУБИ КОСОВКА Гранит Џака е горд и на своите косовски корени и на своето семејство
Гранит Џака, капитен на швајцарската репрезентација на Светското првенство, со години е во брак со Леонита Џака, инфлуенсерка и мајка на нивните три ќерки.
Гранит Џака повторно ја предводи швајцарската репрезентација на Светското првенство како капитен и еден од нејзините најискусни играчи, но надвор од фудбалскиот терен, негова најголема поддршка со години е неговата сопруга Леонита Џака.
Леонита, чие моминско презиме е Лекај, е по потекло од Косово и е позната на јавноста како инфлуенсерка и љубителка на модата која редовно споделува моменти од својот приватен живот на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Двојката е заедно од 2015 година, а две години подоцна ја крунисаа својата врска со брак. Во текот на кариерата на Џака, тие заедно поминале низ бројни преселби и промени на клубови, од Германија и Англија до нови фудбалски предизвици, а денес се горди родители на три ќерки.
Леонита е чест гостин на трибините на големите натпреварувања, каде што го бодри својот сопруг додека истовремено се грижи за семејството. Нивната приказна го следи и животното патување на самиот Џака, чии родители пристигнале во Швајцарија како бегалци на почетокот на 1990-тите во потрага по подобар живот.
Имено, родителите на Гранит се по потекло од Косово, поточно од градот Подујево, а во Швајцарија се преселиле неколку години пред да се роди Гранит.
Гранит е роден во Базел, во 1992 година, но често истакнува дека е горд на своите албанско-косовски корени. Неговиот татко, Рагип Џака бил политички затвореник во тогашна Југославија поради учество во протести на косовските Албанци и поминал повеќе години во затвор пред семејството да емигрира во Швајцарија.
Заедно со неговиот постар брат Таулант, тој пораснал во Базел, а фудбалот станал патот преку кој семејството ги остварило своите соништа.
Постариот брат на Гранит е поранешен фудбалер, а играл за репрезентацијата на Албанија.
Денес, Гранит е еден од симболите на швајцарската репрезентација, а најголема поддршка надвор од теренот, му се Леонита и нивните ќерки.
View this post on Instagram