КАДЕ И ДА ЖИВЕЕМЕ, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК НЀ ОБЕДИНУВА Мицкоски ја отвори Летната школа за македонски јазик во Охрид

Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина.

173

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид ја отвори Летната школа за учење македонски јазик, во која учествуваат деца на наши иселеници од повеќе држави ширум светот.

Летната школа се одржува од 31 јули до 6 август и има цел да им овозможи на младите генерации од дијаспората да го изучуваат македонскиот јазик, да ја запознаат нашата култура, историја и традиција и уште повеќе да ја зацврстат врската со својата татковина.






„Македонскиот јазик е нашиот идентитет, нашата култура и најсилната врска што нè обединува, без разлика каде живееме. Затоа, особено е важно најмладите да го негуваат мајчиниот јазик и да ја продолжат љубовта кон Македонија. На сите учесници им посакувам успешна недела исполнета со нови знаења, пријателства и убави спомени од Охрид“, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.

 

Поврзани содржини