КАЦ ОБЈАВИ ТАЕН ДОКУМЕНТ ОД ТУНЕЛИТЕ ВО ГАЗА Хамас уште пред 4 години побарал 500 милиони долари од Иран за уништување на Израел
Документот покажува дека Хамас за 2 години барал од Иран 20 милиони долари месечно „за да ги постигне овие големи цели преку кои, ќе се го смени лицето на светот“.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска откри разузнавачки документ кој покажува дека лидерите на Хамас, Јахја Синвар и Мухамед Деиф, испратиле писмо до командантот на силите на Револуционерната гарда на Иран, Есмаил Каани, во јуни 2021 година, барајќи поддршка од 500 милиони долари за нивните планови да го нападнат Израел и да го уништат во рок од 2 години.
– Овде за првпат презентирам документ, пронајден во тунелите на високи функционери на Хамас во Газа, кој докажува директна врска меѓу Иран и Јахја Синвар и Мухамед Деиф, како дел од поддршката на Иран за планот на Хамас да го уништи Израел – рече Кац во видео изјава што ја пренесе Тајмс оф Израел.
Оваа изјава е снимена за време на посетата на единицата за собирање разузнавачки информации на Управата за воено разузнавање, која е позната по хебрејскиот акроним „Амшат“.
– Во документот тие (лидерите на Хамас) бараат од командантот на силите на револуционерната гарда Ал Кудс да префрли 500 милиони долари за уништување на државата Израел – рече тој.
Документот покажува дека Хамас за 2 години барал од Иран 20 милиони долари месечно „за да ги постигне овие големи цели“ преку кои, како што наведе, „ќе се го смени лицето на светот“.
Кац рече дека шефот на палестинскиот оддел во Иранската револуционерна гарда, Саед Изади, „го прифатил барањето и им одговорил дека Иран, и покрај тешката економска ситуација, ќе продолжи да насочува пари кон Хамас бидејќи борбата против Израел и САД е главен приоритет на иранскиот режим“.
Тој додаде дека „Израел ќе стори сé што е можно за да го спречи Иран да добие нуклеарно оружје“ и дека ќе продолжи да ги гаѓа неговите застапници во регионот „сѐ додека иранската оска на злото не биде скршена и поразена“.
ХАМАС ИСТРЕЛА БАРАЖ РАКЕТИ КОН ИЗРАЕЛ Ерусалим возврати со напад врз Газа во кој загинаа 44 лица