🎥 ИСТИТЕ АГЕНЦИИ ОД САД СЕ ВМЕШАНИ И ВО НЕРЕДИТЕ ВО СРБИЈА Трамп Јуниор и Вучиќ зборуваа за горливи теми во поткастот

Истата пропагандна машина. Има извештаи дека се вмешани американски агенции. Шокиран сум кога го слушнав тоа, изјави Трамп Јуниор во својот поткаст „Triggered“ кој во четвртокот кон полноќ беше во целост објавен на мрежата „Rumble“.

1,766

Синот на американскиот претседател Доналд Трамп во поткаст со српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека постојат наводи за вмешаност на американски агенции во протестите во Србија. Тој посочи дека демонстрантите во Србија се поврзани на ист начин како и левичарите во САД.

– Истата пропагандна машина. Има извештаи дека се вмешани американски агенции. Шокиран сум кога го слушнав тоа – изјави Трамп Јуниор во својот поткаст „Triggered“ кој во четвртокот кон полноќ беше ов целост објавен на мрежата „Rumble“.







Тој се осврана и на ситуацијата во Србија и објасни дека НАТО ја бомбардираше Србија во 1999 година, среде скандалот со Моника Левински и Бил Клинтон и дека многумина гледаа на бомбардирањето како на одвлекување на вниманието од таа афера.

Трамп Јуниор го сними поткастот со Вучиќ при неговата посета на Белград оваа недела. Тој рече дека посетата е искуство кое отвора очи и дека Србија е земја која се бори за суверенитет и за заштита на границите.

Според Трамп Јуниор, Вучиќ многу добро ги познава и рускиот и украинскиот претседтел и има софистицирани ставови за кои повеќето медиуми немаат слух.

 

Поврзани содржини