ИСЕЛЕНИЧКА СРЕДБА ЗА ИЛИНДЕН ВО ТРНОВО, БИТОЛСКО Се очекуваат и Македонци од соседството

Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД „Гоце Делчев" од Битола и КУД „Новаци“ од Новаци, соопштија организаторите.

0

На 2 август, на големиот христијански празник Свети Пророк Илија – Илинден и Денот на државноста на Македонија, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица” во потпелистерското село Трново, битолско, ќе се одржи традиционалната 55. Светска македонска иселеничка средба и 46. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија како една и единствена Семакедонска средба Трново 2026.

На Семакедонската средба 2026 се очекуваат Македонци од сите делови на Македонија, од светот и татковината.






Официјалната програма на средбата започнува во 10:30 часот часот, по што ќе продолжи со општонародна веселба. Од 7:30 ќе се одржи света богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица”, на која сите можат да присуствуваат. Средбата ќе ја благослови Неговото Високопреосвештенство г. Петар Митрополит Преспанско-Пелагониски. Присутните ќе ги поздрават градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски како покровител на Средбата и претставници на организаторите.

Свеченото обраќање од страна на Матицата на иселениците од Македонија ќе има проф. д-р. Васил Тоциновски, првиот и долгогодишен лектор на Лекторатот по македонски јазик во Риека, Хрватска, македонски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач.

Подготвена е богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат КУД „Гоце Делчев” од Битола и КУД „Новаци“ од Новаци, соопштија организаторите.

Поврзани содржини