ИСЧЕЗНА РОБЕРТ ПЛЕСКОЊИЌ Облечен е во тегет долга јакна има бела коса и брада

Роднините очекуваат било каква информација на телефон 075-400-329.

3,970

Веќе неколку дена е исчезнат Роберт Плескоњиќ, кој излегол од дома и не се вратил.

Последните информации се дека е виден на 5 јануари во околината на Новата железничка станица во регионот каде што живее. Оттогаш му се губи секаква трага. Облечен е во темно сина долга јакна има бела коса и брада и е висок 182 сантиметри.






Роднините случајот го пријавиле во МВР на 6 јануари. Тие велат дека немал здравствени проблеми.

Роднините и пријателите очекуваат каква било информација за него.

Телефон за контакт е 075-400-329

Поврзани содржини