ИРАН ОБЈАВИ НОВИ ПРАВИЛА ЗА МИНУВАЊЕ НА БРОДОВИТЕ НИЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Дозволата зависи од одговорите на 40 прашања
Од документот не е јасно дали преминот ќе се наплаќа, но според некои информации, Иран бара до 2 милиона долари по брод.
Иран објави нови правила за сите бродови што сакаат да минуваат низ Ормускиот теснец и доколку не ги почитуваат бродовите ризикуваат да бидат нападнати.
Документ наречен „Декларација за податоци за бродови“ е издаден од новоформираната агенција на Иран, Управата за Персискиот Заливски Теснец (PGSA), и сите бродови мора да го пополнат за да добијат дозвола за безбеден премин.
Документот содржи повеќе од 40 прашања. Бродовите мора да достават информации за бродот, сопствениците, екипажот и товарот пред да им биде дозволено да поминат. Формуларот, исто така, бара националности на регистрираните сопственици, оператори и членови на екипажот на бродот, како и детали за товарот на бродот.
Во е-поштата испратена од PGSA до шпедитерите, се предупредува дека „целосните и точни податоци се клучни“ за обработка на барањето и дека неточните информации ќе бидат одговорност на подносителот на барањето.
Не е познато дали некоја компанија веќе побарала дозвола од Иран. Аналитичарите предупредуваат дека ова би можело да ги изложи шпедитерите на санкции од САД.
Иран претходно изјави дека нема да дозволи премин на бродови поврзани со САД или Израел, додека другите бродови можат да поминат само со одобрение од Иран.
Од документот не е јасно дали преминот ќе се наплаќа, но според некои информации, Иран бара до 2 милиона долари по брод.
Министерството за финансии на САД минатата недела објави дека ваквите плаќања не се дозволени на американски лица и компании.
Аналитичарите предупредуваат дека долгорочната иранска контрола врз Ормутскиот теснец би можела да има сериозни последици за глобалниот пазар на нафта и гас. Мет Рајт од Kpler проценува дека сообраќајот, дури и во случај на стабилизација, би останал далеку под нивоата пред војната.
Пред американските и израелските напади врз Иран на крајот на февруари, бродовите од сите земји слободно пловеа низ Ормускиот Теснец. Но, од почетокот на конфликтот, Иран се закани дека ќе нападне секој брод што ќе помине без дозвола од морнарицата на Иранската револуционерна гарда (IRGC). Неколку бродови веќе се цел на напади, поради што повеќето бродски компании повеќе не сакаат да ризикуваат минување без иранска дозвола.