И ВО ДЕЛЧЕВО СЕ ДАВАЛЕ 3.000 ДЕНАРИ ЗА ГЛАС Полицијата ги приведе и поткупувачот и тој што зел пари
Полицијата ги одзеде и парите во висина од 3.000 денари кои му биле дадени на граѓанинот.
Кривична пријава за поткуп за гласови поднесе полицијата и за едно лице од Делчево.
Полицијата соопшти дека денеска во Полициската станица во Делчево на информативен разговор е повикан Н.С. (35) од Делчево поради основано сомнение за давање поткуп во врска со локалните избори. односно кривично дело по член 162 од КЗ „поткуп при избори и гласање“.
„Повикан на информативен разговор е и К.С. (35) кој примил 3.000 денари од Н.С. во замена за глас на утрешните избори. Известено е ОЈО Делчево и по насоки од ОЈО извршен е разговор со повеќе лица“, се вели во соопштението.
Полицијата ги одзеде и парите во висина од 3.000 денари кои му биле дадени на граѓанинот.
По комплетирање на службената документација од страна на ОВР Делчево ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Делчево по чл.162 ст.1 и 2 вв ст.3 од КЗ.