ЧЕСНИОТ ТИНЕЈЏЕР ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕЛЧЕВО Постапката на Огнен Милошевски ја одушеви јавноста

Огнен пронашол паричник со патна исправа и лична карта, заедно со 114.000 денари и околу 2.000 евра и веднаш ги пријавил во полициска станица.

33

Осумнаесетгодишниот Огнен Малешевски од Делчево доби плакета од градоначалникот Иван Гоцевски, откако викендов пронашол изгубени пари и лични документи и ги предал во полицијата.

Младиот делчевец во саботата, на булеварот „Македонија“, пронашол патна исправа и лична карта на свој сограѓанин, заедно со 114.000 денари и околу 2.000 евра. Тој не го задржал паричникот или парите, туку веднаш ги однел во Полициската станица во Делчево.






Градоначалникот Гоцевски го прими Огнен и му додели плакета за неговата постапка, истакнувајќи дека младиот сограѓанин ја воодушевил јавноста со својот пример, без да бара внимание или признание. Можеби затоа, на плакетата го нема името на младиот доброчинител, туку тој се нарекува „Тивкиот херој на Делчево“.

Градоначалникот Гоцевски порача дека Делчево може да се гордее со постапката на Огнен, која ја оцени како пример за чесност и граѓанска одговорност.

Позитивната постапка ја поздрави и Министерството за внатрешни работи, оценувајќи ја како пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите.

 

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример за чесност и граѓанска одговорност во Делчево

 

Поврзани содржини