И ВАСКО КОВАЧЕВСКИ МЕЃУ ОСОМНИЧЕНИТЕ Ексдиректорот на ЕСМ е дел од групата која тргувала со отровен мазут
Полицијата и Јавното обвинителство потврдуваат дека во истрагата се опфатени уште десетина лица, меѓу кои, покрај Ковачевски, и поранешните директори на ЕСМ, Адријан Муча и други вработени во оваа државна компанија.
Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, е меѓу осомничените во истрагата што ја водат Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, поврзана со нелегална набавка на деривати и оштетување на државниот буџет.
Како што објавивме претходно приведен е бизнисменот Ратко Капушевски, сопственик на фирмата РКМ. Во истрагата е опфатен и неговиот бизнис партнер Ерџан Сулковски. Претходно, како што објави Плусинфо, „обезбеден“ е и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски.
Полицијата и Јавното обвинителство потврдуваат дека во истрагата се опфатени уште десетина лица, меѓу кои, покрај Ковачевски, и поранешните директори на ЕСМ, Адријан Муча и други вработени во оваа државна компанија, но и лица од фирми кои наводно нелегално набавувале и дистрибуирале деривати. Ковачевски е во бегство поради друга истрага што се води против него.
Засега нема информации колку од осомничените се приведени и дали некои од нив веќе се изведени пред судија. Според информациите, најмалку еден од осомничените во оваа истрага е опфатен и во предметот „Адитив“ и веќе се наоѓа во притвор.