НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од природна смрт на 2.500 метри надморска височина

Починатиот е 74-годишен жител на тетовското село Џепчиште. Прегледите покажале дека станува збор за природна смрт.

0

Планинарот чие безживотно тело вчера беше извлечено од Шар Планина е 74-годишниот А.С. од тетовското село Џепчиште. Тој бил пронајден на околу 2.500 метри надморска височина, а извршените прегледи покажале дека починал од природна смрт.

СВР Тетово денеска соопшти нови детали за акцијата за извлекување на телото, кое беше пронајдено високо на Шар Планина.






„Станува збор за 74-годишниот А.С. од тетовско Џепчиште, кај кого по извршените прегледи е констатирано дека се работи за природна смрт“, соопшти СВР Тетово.

За безживотното тело вчера, 20 септември, околу 14.30 часот пријавиле граѓани, по што била организирана акција за негово извлекување од планината.

Поради високата и тешко пристапна локација, во акцијата бил употребен полициски хеликоптер. Телото било пренесено околу 17.30 часот.

„Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на семејството за погреб“, информира СВР Тетово.

Поврзани содржини