И ПРОБИШТИП ИМА СУПЕР МИЛИОНЕР Среќниот играч освои 7,4 милиони денари

93

Играчот Н.М. од Пробиштип освои Супер милионер џекпот, вреден 7.400.427 денари, соопшти Видеолотарија Касинос Австрија.

– Неделава ја заокружуваме со среќни ВЛТ вести. Играчот Н.М. од Пробиштип ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка Супер милионер џекпот, вреден 7. 400.427 денари. Неговата среќна игра е „супер хот“, која на 13.03.2025 му ја донесе среќната добивка. Добивката е освоена на видеолотарските терминали кај нашиот деловен соработник „Спортлајф трејд“ во Пробиштип – велат од Касинос Австрија.






Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство му честита на најновиот Супер милионер џекпот добитник и му посакува со радост да ужива во фантастичната добивка, за која силно верува дека ќе му донесе многу успех и убави моменти во иднина.

– Првата недела во март од 03.03.2025 до 09.03.2025 беше добитна за играчите на видеолотариските терминали кои заедно поделија фантастични 15.390.904 денари. Во овие седум дена го имавме и среќниот играч С.З. од Гостивар, кој на 04.03.2025 ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка Супер милионер џекпот, вреден 7.040.573 денари. Неделава имаме и 4 Милионер џекпот добитници кои заедно поделија 6.242.724 денари. Супер добитната седмица ја заокружуваме со Мини џекпот добивките, чиј вкупен износ достигна 2.107.607 денари – велат од Касинос Австрија и додаваат дека забавата со ВЛТ продолжува.

 

Поврзани содржини