🎥 ШАРЛИЗ ТЕРОН ПРИЗНА ДЕКА ЗЈАПАЛА ВО ЗАДНИКОТ НА МЕТ ДЕЈМОН „Го видов без костим, неверојатен е, навистина неверојатен“
Актерката не го крие воодушевувањето од трансформацијата на нејзиниот колега за улогата на Одисеј. Мет Дејмон ослабел 15 килограми и се довел во врвна форма за новиот хит на Кристофер Нолан.
Шарлиз Терон, која во новиот филм на Кристофер Нолан „Одисеја“ глуми заедно со Мет Дејмон, во разговор за ET не го криеше воодушевувањето од неговата физичка подготовка за улогата. Дејмон во епскиот спектакл го игра грчкиот крал Одисеј, а Терон за време на промоцијата на филмот искрено го прокоментира неговиот изглед.
– Го видов без костим. Неверојатен е, навистина неверојатен. Го гледам на малку чуден начин. Буквално зјапам во неговиот задник. Не би требало да го правам тоа, сосема е погрешно. Но, да, изгледаше одлично – вели таа.
За да го долови ликот на легендарниот воин, 55-годишниот Мет Дејмон минал низ сериозна физичка трансформација. Ослабел 15 килограми, намалувајќи ја тежината од 91 на 76 килограми, а паралелно следел и интензивна програма за тренинзи.
Во интервју за списанието People, актерот откри дека подготовките за тричасовниот филм, исполнет со борбени сцени, барале целосна дисциплина.
– Целта беше да дојдам во врвна форма, а тоа бараше промени во исхраната и начинот на живот. Мора да бидете многу дисциплинирани во сè што внесувате во телото – изјави тој.
Филмот е инспириран од истоимениот еп на Хомер и ја следи приказната за грчкиот крал Одисеј, кој по седум години заробеништво кај нимфата Калипсо се обидува да се врати кај својата сопруга Пенелопа. Ликот на Калипсо го толкува токму Шарлиз Терон.
Покрај Терон и Дејмон, во филмот настапуваат и Том Холанд, Ен Хатавеј, Роберт Патинсон, Лупита Њонго, Зендеја и Саманта Мортон.
– Прекрасно искуство е да се работи со оваа екипа. Сите се извонредни. Тоа е силата на Кристофер Нолан – тој точно знае како да ги избере вистинските актери – изјави Терон.
„Одисеја“ уште во првиот викенд од прикажувањето во Северна Америка заработи 124,5 милиони долари. Филмот доби одлични оценки и од критиката и од публиката – 95 проценти на Rotten Tomatoes од критичарите и 97 проценти од гледачите.
Ова не е прва соработка меѓу Шарлиз Терон и Мет Дејмон. Тие заедно глумеа и во филмот „Легендата за Багер Венс“ од 2000 година, во режија на Роберт Редфорд.