198 ГРАЃАНИ СО ТЕГОБИ СЕ ЈАВИЛЕ НА ЛЕКАР ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ Еден пациент бил испратен на Инфективната клиника во Скопје

120

Во Општата болница во Гостивар во изминатото деноноќие биле прегледани вкупно 198 пациенти, а еден пациент поради здравствената состојба бил упатен на лекување на Инфективната клиника во Скопје, информира директорот на Општата болница во Гостивар Емри Бајрами.

Според Бајрами, на Инфективното одделение биле прегледани 111 пациенти, на Одделението за педијатрија 75, а во Ургентниот центар 12 пациенти.






Бајрами изјави дека нема промени во клиничката слика кај пациентите.

– Клиничката слика и понатаму се карактеризира со стомачни проблеми, а поретко со треска и покачена телесна температура – рече Бајрами.

Министерот за здравство Сашо Клековски вчера на прес-конференција соопшти дека од почетокот на епидемиолошката состојба биле евидентирани речиси 3.100 здравствени контакти преку Здравствениот дом, Општата болница, телефонските јавувања и интервенциите на Итната медицинска помош.

Клековски посочи дека првиот преглед бил извршен на 14 јули, додека на 19 јули за првпат било забележано намалување на бројот на приеми, што, според здравствените власти, претставува прв показател за стабилизирање на состојбата.

Поврзани содржини