ПОЧИНА КУМАНОВЕЦ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА На Инфективната клиника се лекуваат 11 заразени

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника, имал потешка клиничка слика, а бил со коморбидитети.

0

Шеесет и шестгодишен кумановец почина од западнонилска треска.

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана денеска изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника. Имал потешка клиничка слика, а бил со коморбидитети.






Директорот информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, а моментов 11 се лекуваат на Инфективната клиника, од кои едно лице е со потешка клиничка слика.

– Последниот прием на лице со западнонилска треска е од 19 септември, овој викенд – рече директорот Цана.

Ова е деветиот смртен случај оваа сезона од вирусот на западнонилска треска.

Поврзани содржини