СВЕТСКИ ПРВАК, А НЕ Е НИТУ ВО ТОП 10 Платата на Де ла Фуенте ќе ве изненади

Шпанскиот селектор ја однесе светската титула во Мадрид, но според заработката не е ниту меѓу десетте најплатени тренери на Светското првенство 2026.

78

И покрај тоа што ја направи Шпанија европски и светски шампион, селекторот Луис де ла Фуенте не е ниту меѓу десетте најплатени селектори на Светското првенство 2026.

Според британскиот весник „Мирор“, 65-годишниот стратег се наоѓа дури на 15. место според годишната заработка меѓу 48-те селектори кои ги предводеа своите репрезентации на Мундијалот.






Де ла Фуенте годишно заработува два милиони евра, што е дури пет пати помалку од најплатениот селектор на шампионатот.

На врвот на листата е Карло Анчелоти, кој ја предводи репрезентацијата на Бразил и заработува 10 милиони евра годишно. По него следуваат германскиот селектор Јулијан Нагелсман со седум милиони евра и селекторот на САД Маурисио Почетино со шест милиони евра.

Интересно е што актуелниот светски вицешампион Лионел Скалони, селекторот на Аргентина, исто така е зад голем број колеги на листата, со годишна плата од 2,3 милиони евра.

Најплатени селектори на Светското првенство 2026

Карло Анчелоти (Бразил) – 10 милиони евра,

Јулијан Нагелсман (Германија) – 7 милиони евра,

Маурисио Почетино (САД) – 6 милиони евра,

Томас Тухел (Англија) – 5,8 милиони евра,

Роберто Мартинез (Португалија) – 4 милиони евра,

Фабио Канаваро (Узбекистан) – 4 милиони евра,

Дидие Дешан (Франција) – 3,8 милиони евра,

Роналд Куман (Холандија) – 3 милиони евра,

Марсело Биелса (Уругвај) – 3 милиони евра,

Густаво Алфаро (Парагвај) – 2,5 милиони евра,

Џеси Марш (Канада) – 2,5 милиони евра,

Хулен Лопетеги (Катар) – 2,4 милиони евра,

Лионел Скалони (Аргентина) – 2,3 милиони евра,

Хавиер Агире (Мексико) – 2 милиони евра,

Луис де ла Фуенте (Шпанија) – 2 милиони евра.

Иако финансиски заостанува зад голем број колеги, резултатите на Де ла Фуенте зборуваат сами за себе. Во изминатите две години тој ја одведе Шпанија до титулата европски шампион, а потоа и до светската круна, потврдувајќи дека успехот не секогаш оди рака под рака со висината на платата.

Поврзани содржини