🎥 АНА ИВАНОВИЌ ОТКРИ ТАЈНА ШТО ЈА КРИЕЛА СО ГОДИНИ „Имав тешки панични напади секогаш кога требаше да излезам на терен“
Поранешната светска тениска број 1 призна дека во последните години од кариерата се борела со страв и анксиозност до таа мера што понекогаш не можела ни да го заврши мечот.
Поранешната светска тениска број 1 и шампионка на Ролан Гарос од 2008 година, Ана Ивановиќ, години по пензионирањето откри една од најтешките и најмалку познати битки од својата кариера – борбата со паничните напади.
Српската тенисерка призна дека во последните години од активното играње често се соочувала со силни напади на паника кои ѝ го отежнувале, а понекогаш и целосно ѝ го оневозможувале настапот на теренот.
– Во последните години од кариерата имав многу сериозни панични напади секогаш кога требаше да излезам на терен. Никогаш не зборував за тоа, но тие напади беа неверојатно интензивни – откри Ивановиќ во разговорот со новиот тренер на хрватската фудбалска репрезентација,Славен Билиќ, во емисијата „(Не)успех на шампионите“.
– Луѓето се прашуваа што се случува наеднаш за време на мечот и зошто мојата игра се распаѓа, но вистината е дека бев преплавена од паника и едноставно не можев да продолжам – признава таа.
Ивановиќ објаснува дека проблемот не бил ограничен само на натпреварите. Дури и помислата дека следниот ден повторно ќе треба да излезе пред публика знаела да предизвика силна вознемиреност.
– Потоа ме обземаше стравот дека наредниот ден повторно ќе треба да играм пред луѓе – раскажува поранешната тенисерка.
View this post on Instagram
Ова признание открива колку тежок бил товарот што го носела една од најголемите ѕвезди на светскиот тенис. Ивановиќ со години беше меѓу најпопуларните и најуспешни тенисерки, но истовремено се соочувала со огромен притисок, очекувања и потребата постојано да биде на врвот.
Ана Ивановиќ ја заврши професионалната кариера во 2016 година, на само 29 години. Зад себе остави големи успеси, меѓу кои и титулата на Ролан Гарос и првото место на светската ранг-листа, но и период обележан со повреди и падови на формата.
По разделбата, Ивановиќ и нивните три сина живеат во Палма де Мајорка, Шпанија, каде што децата одат на училиште.
– Децата одат на училиште, јас живеам тука. Купив куќа во 2008 година додека сè уште играв тенис и ова стана мој дом. Тука е многу помирно, поминуваме многу време надвор. Времето е убаво во текот на целата година, имам три сина, животот е активен и полесно е со нив да се биде надвор и да се дружиме. Училиштата се одлични – вели Ивановиќ.
Зборувајќи за секојдневниот живот, таа призна дека нема многу слободно време.
– Немам многу слободно време. Понекогаш имам слободни викенди и тогаш ги го користам за себе и за пријателите. Сакам да патувам, иако цел живот сум на пат. Уживам во мајчинството, тоа е она што го сакав и тоа ми е приоритет. Секако, тука е и работата. Цел живот сум навикната на структура и работа и сакам нови предизвици – вели таа.