📽️ ХАОС НА УЛИЦИТЕ НА АНКАРА Вербална расправија заврши со пукотници и крв на улица

Двајца мажи се повредени во жестока пресметка во Анкара, во која биле употребени палка и сигнален пиштол, а полицијата отвори истрага за инцидентот.

179

Наводно вербално дофрлање на улица било повод за жестока пресметка меѓу возач на комбе и случаен минувач во главниот град на Турција, јавуваат локалните медиуми. Во инцидентот, кој предизвикал паника меѓу присутните граѓани, биле употребени тврди предмети и оружје, а две лица се здобиле со повреди.

Инцидентот се случил во населбата Меркез, во близина на познатиот Вторнички пазар во општината Пурсаклар во Анкара.






Според првичните информации од истрагата, конфликтот започнал по кратка вербална расправија, која за неколку секунди прераснала во физичка пресметка.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа како возачот на комбето држи пиштол и се расправа со друг маж на улица.

Ситуацијата дополнително ескалирала кога возачот влегол во возилото, по што другиот учесник успеал да му го одземе пиштолот. Возачот потоа зел предмет што наликува на бејзбол палка и почнал да удира.

Во обид да се одбрани, другиот маж испукал неколку истрели од непосредна близина кон возачот. И покрај тоа, физичката пресметка продолжила, а двајцата размениле повеќе удари.

Полицијата брзо интервенирала и ја ставила ситуацијата под контрола. Според првичните информации, оружјето што било употребено било сигнален пиштол, поради што немало смртни последици. Од полицијата не споделија информација кој е сопственикот на оружјето.

Двајцата учесници во инцидентот се здобиле со телесни повреди, им била укажана медицинска помош и потоа биле приведени.

Обвинителството во Анкара отвори истрага за нарушување на јавниот ред и мир и за нанесување телесни повреди.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини