ТРОПСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 38 СТЕПЕНИ, НО И НЕВРЕМЕ СО ГРАД Метеоролозите предупредуваат на опасен пресврт попладне

Сончево и многу топло време со температури до 38 степени, но во попладневните часови локално се можни дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

102

По нестабилниот период, Македонија ја очекува претежно сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Сепак, метеоролозите предупредуваат дека во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер.

Според прогнозата, локално атмосферските процеси може да бидат поинтензивни и да прераснат во краткотрајно невреме со пороен дожд, силен ветер и појава на град.






Утринските температури ќе се движат од 10 степени во Маврово до 19 степени во Гевгелија, додека дневните ќе достигнат од 29 до дури 38 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне ќе има услови за краткотрајно невреме со дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 15 до 35 степени.

В петок нѐ очекува сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 12 степени до 21 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 30 степени до 37 степени.

Според прогнозата на УХМР, за сабота се најавува сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од 11 степени до 20 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 31 степени до 38 степени.

Поврзани содржини