📽️ ХАОС НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Група лица се тепале пред патниците среде терминалот

Повеќе лица се пресметувале во патничкиот терминал, додека околните патници ја следеле тепачката.

0

Физичка пресметка меѓу повеќе лица се случила вечера на Меѓународниот аеродром Скопје, а снимка од инцидентот се шири на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како група лица се пресметуваат во просторот на патничкиот терминал. Во еден момент доаѓа и до туркање и физичка пресметка, додека околу нив има патници кои го следат инцидентот.






Случката се одвива пред поголем број присутни во терминалот, а дел од патниците застануваат за да видат што се случува.

 

Снимката предизвика реакции на социјалните мрежи, каде што се отвори и прашањето за безбедноста и присуството на аеродромското обезбедување во терминалот.

Засега нема информации што ја предизвикало пресметката, ниту дали во инцидентот има повредени лица или дали се преземени мерки против учесниците.

Поврзани содржини