22-ГОДИШЕН СЛОВАК УАПСЕН ПРИ ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА Германија за него распишала меѓународна потерница

На 4.8.2026 година во 21 часот на Меѓународен аеродром Скопје полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, соопшти полицијата.

112

Словак е уапсен на скопскиот аеродром, затоа што по него Германија распишала меѓународна потерница.

 

„На 4.8.2026 година во 21 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Б.Ф.(22) од Словачка, затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција, било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол Германија. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 






Поврзани содржини