СТРУМИЧКО ЌЕ БИДЕ ПОД НАДЗОР СО ТЕРМАЛЕН ДРОН Системот овозможува рано да се открие секое жариште

Се апелира до сите граѓани да се однесуваат совесно и одговорно: да не палат стрништа, сува трева, отпад или друг отворен оган, и да не фрлаат отпушоци од цигари во природа или покрај патиштата.

48

Струмичката пожарникарска служба ги известува граѓаните дека целиот регион ќе биде набљудуван од дрон поради опасност од избувнување пожари.

„Покрај редовните теренски контроли, во текот на утрешниот ден целиот Струмички регион ќе биде под постојан надзор со современ термален дрон. Овој високо софистициран систем овозможува рано откривање на потенцијални жаришта и пожари, детектира топлински извори од голема оддалеченост и овозможува брза реакција уште во почетната фаза на настанување на пожар“, соопштуваат од Пожарникаркста служба.






Оттаму апелираат до сите граѓани да се однесуваат совесно и одговорно: да не палат стрништа, сува трева, отпад или друг отворен оган, и да не фрлаат отпушоци од цигари во природа или покрај патиштата.

И најмала невнимателност може да предизвика пожар со сериозни последици по животната средина, имотот и човечките животи.

„Ги информираме граѓаните дека сите сомнителни активности, како и евентуални појави на чад или пожар, ќе бидат навремено детектирани и проследени до надлежните служби за итна интервенција. Целта на овие активности е рано откривање на пожари, нивно брзо локализирање и спречување на нивното ширење. Апелираме до сите граѓани да покажат максимална одговорност и да придонесат кон зачувување на нашите шуми, земјоделски површини и природни богатства“; велат од ТППЕ Струмица – Пожарникари-спасители.

Поврзани содржини