МИЦКОСКИ РАЗГОВАРАЛ СО МАРКО РУБИО ВО ЊУЈОРК Директна комуникација на високо политичко ниво

Премиерот додаде дека Владата продолжува да го јакне македонско-американското стратешко партнерство и да создава нови можности.

1

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Њујорк разговарал со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

„Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави. Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник.






Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери“, објави Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Премиерот додаде дека Владата продолжува да го јакне македонско-американското стратешко партнерство и да создава нови можности.

Поврзани содржини