СДСМ И ФИЛИПЧЕ ПРОДОЛЖУВААТ СО СТАРАТА МАТРИЦА НА СЕЕЊЕ СТРАВ И ПАНИКА И покрај тоа банкарскиот сектор е стабилен

„Додека е премиер Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е на власт плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

0

СДСМ и Филипче повторно шират паника, бидејќи немаат што друго да понудат како партија. Откако не им поминаа приказните за мигрантите, водата и пензиите, сега се обидуваат да внесат страв и недоверба во банкарскиот систем, оценува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„СДСМ и Филипче единствено што нудат е евтина политичка хистерија и манипулации. Тие продолжуваат со старата политичка матрица, секоја тема да ја претворат во причина за страв, несигурност и паника кај граѓаните. СДСМ повторно пласира сомнежи и инсинуации, обидувајќи се да ја наруши довербата на граѓаните во институциите и финансискиот систем“ – се вели во соопштението.






Понатаму ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали Филипче и СДСМ, со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка, создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на бизнисмен близок до СДСМ и затоа со месеци ја политизираат темата за Алта банка.

„Банкарскиот сектор не смее да биде предмет на дневнополитички манипулации. Доста со фабрикување кризи за ситни политички поени. Довербата на граѓаните, сигурноста на нивните депозити и стабилноста на финансискиот систем се прашања од највисок јавен интерес и бараат сериозност, одговорност и институционален пристап.

Народната банка и надлежните институции се тие што имаат обврска да ја следат состојбата и да преземаат соодветни мерки за заштита на финансиската стабилност и интересите на граѓаните.

СДСМ и Филипче да не се обидуваат да создадат вештачки криза. Граѓаните да бидат спокојни. Додека е премиер Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е на власт плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини