ХАМАС ИСТРЕЛА БАРАЖ РАКЕТИ КОН ИЗРАЕЛ Ерусалим возврати со напад врз Газа во кој загинаа 44 лица

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац, по разговорот со премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој беше на пат за САД, рече дека им наредил на ИДФ да ја прошират својата обновена офанзива против Хамас.

132

Хамас синоќа истрела 10 ракети кон јужен Израел во најголемиот таков бараж во последните неколку месеци, јави Тајмс оф Израел.

Пет од десетте ракети биле пресретнати од израелската противвоздушна одбрана, соопштија израелските одбранбени сили, но најмалку една од другите 5 го погоди Ашкелон, предизвикувајќи штета.






Еден 30-годишен маж е лесно повреден од шрапнели и е пренесен на лекување во градската болница Барзилај.

Службите за итни случаи на Маген Давид Адом соопштија дека уште 2 лица биле повредени додека трчале кон засолништата, додека неколку лица биле третирани поради акутна вознемиреност по нападот.

Ракетите биле лансирани кон крајбрежните градови Ашкелон и Ашдод малку по 21 часот од Деир ал Балах во централна Газа, област каде што ИДФ не дејствува.

Хамас ја презеде одговорноста за ракетниот бараж веднаш по неговото лансирање.

Хамас ќе плати

Израел веднаш се закани дека терористичката група ќе плати висока цена. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац, по разговорот со премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој беше на пат за САД, рече дека им наредил на ИДФ да ја прошират својата обновена офанзива против Хамас.

По нападот, портпаролот на ИДФ на арапски јазик, полковникот Авичај Адраи, издаде предупредување за евакуација на палестинските цивили во областа Деир ал-Балах, велејќи дека тоа е „конечно предупредување“ пред ИДФ да изврши напади таму.

Војската потоа соопшти дека извршила напад со дрон насочен кон ракетниот фрлач што се користел за лансирање на баражот.

44 лица загинаа во Газа

Израел денеска изврши напад врз Појасот Газа. Најмалку 44 лица загинаа, а неколку десетици се повредени во израелските воздушни напади, соопшти Цивилната одбрана на палестинската територија.

„Бројот на загинати во израелските напади од утринава е најмалку 44, вклучувајќи 21 лице во Кан Јунис, изјави Махмуд Басал, портпарол на цивилната одбрана во јужниот дел на Појасот Газа, пренесоа француските медиуми.

На 18 март, израелската армија ги продолжи нападите во Појасот Газа по 2 месеца кревок прекин на огнот.

Поврзани содржини