ГРЕШКАТА Е ОД 2023, ЗА АЛЕКСИЌ НЕМАЛО ПРИТВОР Убиецот од Дрниш се испрскал со бибер-спреј, бегал по пруга и по бункери

Хрватскиот адвокат Анто Нобило тврди дека Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството на 19-годишен доставувач на пица во Дрниш, уште во 2023 година требало да заврши во притвор. Иако против него било поднесено обвинение за оружје, постапката со години не започнала.

6

Хрватскит адвокат Анто Нобило жестоко го критикуваше хрватското обвинителство по апсењето на Кристијан Алексиќ, осомничен за убиството на 19-годишен доставувач на пица во Дрниш.

Нобило вели дека системот потфрлил уште во 2023 година, кога кај Алексиќ било пронајдено оружје и против него била поднесена кривична пријава.






– Мораше да биде притворен уште во 2023 година. Ова е школски пример каде што се изрекува притвор – изјави Нобило за „Слободна Далмација“.

„Мораше да биде зад решетки“

Нобило потсети дека Алексиќ претходно бил осуден за брутално убиство на девојка во 1994 година и оти токму поради тоа постоел сериозен ризик од повторување на кривични дела.

Според него, обвинителството морало да реагира веднаш кога повторно било пронајдено оружје кај човек со такво криминално минато.

– Ако некој што извршил толку сериозно кривично дело повторно дојде во ситуација со оружје, тоа е јасен сигнал за опасност – рече Нобило.

„Апсолутно е вина на обвинителот“

Хрватскиот адвокат оцени дека постапката против Алексиќ неоправдано се одолговлекувала и покрај сериозноста на случајот.

– Ова е апсолутно вина на обвинителот или на државниот обвинител – изјави Нобило.

Тој додаде дека доколку Алексиќ бил во притвор, предметот ќе морал да се води со забрзана постапка.

Бибер спреј, бункери, пруга 

Кристијан Алексиќ беше уапсен ноќеска околу 2:30 часот во областа Дрниш, по повеќечасовна потрага.

Според истрагата, тој во саботата навечер го убил 19-годишниот доставувач на пица.  Поради претресот, сите влезови и излези во градот беа затворени, а граѓаните беа повикани да не ги напуштаат своите домови. Полицијата го бараше од саботата до рано утринава во понеделникот, кога конечно беше пронајден и уапсен на стотина метри од неговата куќа.

Според неофицијални информации, тој бил уапсен без облека, а наводно зад себе попрскал бибер спреј во обид да ги измами полициските кучиња трагачи и да ги спречи да го следат.
Мештаните велат дека тој избегал преку железничката пруга што води недалеку од неговата куќа. Според нив, во областа каде што се обидел да се скрие има и бункери.

„Требаше да го облече матурското одело“

Градот Дрниш е сè уште во шок по убиството на 19-годишен доставувач на пица. Градоначалникот Томислав Џелалија изјави дека граѓаните поминале две непроспиени ноќи и дека утре ќе биде прогласен Ден на жалост и ќе се одржи погреб за починатиот млад човек.

– Настрада млад човек чиј живот штотуку почнуваше. Тој требаше да има матурска забава на 29 мај и да купи костум. Тешко ми е да зборувам за тоа – изјави градоначалникот.

Тој вели дека утрово излегол во градот и го нашол сосема празен, со пазари и улици на кои немало минувачи.

Поврзани содржини