Гранати, муниција и ракетни фрлачи пронашла денеска полицијата во нива меѓу струшките села Франгово и Калишта.
Оружјето било најдено денеска околу пладне по претходни оперативни сознанија.
Полицијата информира дека во координација со обвинителството се работи на расчистување на случајот.