ПО 100 ПРОТЕСТИ АЛБАНЦИТЕ ЈА МЕНУВААТ ТАКТИКАТА Се заканија со континуирана граѓанска непослушност

Демонстрантите бараат оставка на премиерот Еди Рама и формирање привремена непартиска влада.

0

Синоќа во Тирана се одржа 100-от граѓански протест против изградба на луксузни одморалишта во заливот Зврнец и на островот Сазан, кои се заштитени подрачјa.

Учесниците се собраа на плоштадот Скендербег, каде што го изразија своето незадоволство, а потоа, со национални знамиња и силни повици против владата, се упатија пред кабинетот на премиерот Еди Рама.






Демонстрантите бараат оставка на премиерот Еди Рама и формирање привремена непартиска влада.

Тие предупредија на континуирана граѓанска непослушност и ескалација на граѓанските акции.

За денеска најавија собир пред Парламентот, каде треба да се одржи првата пленарна седница по годишните одмори.

Движењето, наречено „Фламинго револуција“, почна на 31 мај како протест против проектот за изградба на луксузно одморалиште во заштитеното подрачје, чиј инвеститор е зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

И покрај протестите премиерот Рама не се откажува од проектот на Џаред Кушнер, кого по измените на Законот за заштитени подрачја на крајот на декември 2024 година, владата го прогласи за стратешки партнер. Рама тврди дека проектот ќе биде според европските стандарди за заштитени подрачја.

Поврзани содржини