БРИСЕЛСКИОТ „МАНЕКЕН ПИС“ ОБЛЕЧЕН ВО МАКЕДОНСКА НОСИЈА Свеченост во Брисел по повод 8 Септември
Церемонијата почна во Градското собрание на Брисел, каде амбасадорот Зулфи Исмаили му ја предаде носијата на градоначалникот на Брисел, Филип Клосе.
Познатата статуа „Манекен пис“ во центарот на Брисел денеска беше облечена во традиционална македонска народна носија по повод Денот на независноста, 8 Септември.
Церемонијата почна во Градското собрание на Брисел, каде обраќање имаа шефот на македонската Постојана мисија при ЕУ, амбасадорот Зулфи Исмаили, како и претставник на бриселските локални власти.
Беше одржана презентација на носијата, по што следуваше и нејзино официјално предавање од амбасадорот Исмаили на градоначалникот на Брисел, Филип Клосе.
На церемонијата присуствува претставници на општествениот и културниот живот на Брисел и на македонската дијаспора и дипломатските мисии во Белгија, меѓу кои и постојаниот претставник на Македонија во НАТО, амбасадорот Орхан Муретзени и в.д амбасадорката во Белгија, Сузана Мехмеди.
По ова следеше процесија на пренесување на носијата од зградата на Градското собрани, што се наоѓа на плоштадот Гран плаз, до фонтаната со статуата „Манекен пис“, каде статуата беше облечена во македонската носија.
This Independence Day 🇲🇰, we mark a special occasion.
For the first time, a Macedonian traditional costume is presented to Manneken-Pis in Brussels 🇧🇪.
Tradition and cultural heritage – shared in the heart of Europe 🇪🇺.
Happy Independence Day! pic.twitter.com/z50z8XNIZK
— North Macedonia in EU (@MKmissionEU) September 8, 2026
Во Брисел постои традиција за облекување на „Манекенот пис“ во разни облеки по повод домашни или странски празници или настани, а ова беше првпат статуата да биде во македонска носија.
Статуата, висока 55 сантиметри, е изградена во честа на момче, кое според легендата, го спасило Брисел од пожар, така што го изгаснало запалениот фитиљ на експлозивот уринирајќи врз него.