ГО УКРАЛ „АУДИТО“ НА БИВШАТА И НАПРАВИЛ ДА ИЗГЛЕДА ДЕКА МУ ГО ПРОДАЛА Скопјанец ја изиграл поранешната и го присвоил автомобилот
Од СВР Куманово информираат дека случајот бил пријавен и документиран, а против лицето е поднесена кривична пријава. Предметот е проследен до надлежното јавно обвинителство.
36-годишниот М.З. од Скопје заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, соопштија од СВР Куманово.
Според пријавата, во мај 2024 година, додека престојувал во стан во Куманово кој му бил доверен од негова поранешна вонбрачна партнерка, М.З. ја искористил приликата и ја одзел целокупната документација за патничко возило марка „Ауди А6“, кое ѝ припаѓало на оштетената.
Потоа, врз основа на тие документи, тој изготвил лажен договор за купопродажба кај нотар, на кој фиктивно како продавач ја навел поранешната партнерка, без нејзино знаење и согласност. Со договорот се упатил на регистарско место и го искористил како вистински документ во постапка за промена на сопственоста на возилото, префрлајќи го на свое име.
Од СВР Куманово информираат дека случајот бил пријавен и документиран, а против лицето е поднесена кривична пријава. Предметот е проследен до надлежното јавно обвинителство.