ГО ПОВИКУВАМ КОВАЧЕВСКИ ДА НЕ ДЕЗЕРТИРА ОД ТВ-ДУЕЛ Мицкоски остава премиерот да избере медиум, датум и време
Го повикувам и сега еве овде од Јегуновце да не дезертира бидејќи тоа му е вообичаена пракса, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Владата и Ковачевски повторно молчат и повикам уште еднаш на дебата на било кој медиум и било кое време во интерес на вистината и интерес на граѓаните, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната посета на Општина Јегуновце.
– Повторно молк, немаме одговор од Ковачевски, ниту од Владата за мојата понуда пред граѓаните јавно да зборуваме бидејќи во овој случај не е важен ниту Димитар Ковачевски, ниту пак сум јас важен, ниту пак било кој од нас е над интересот на граѓаните и државата, и затоа понудив да излеземе јавно транспарентно да избере време, да избере медиум, јас таму ќе го чекам. Го повикувам и сега еве овде од Јегуновце да не дезертира бидејќи тоа му е вообичаена пракса изгледа во неговиот живот да дезертира, еве да не дезертира и овој пат да излеземе и да се соочиме пред граѓаните па граѓаните нека одлучат кој ја говори вистината а кој не – рече Мицкоски.