ГАЗДА ДЕКО БАРАЛ ПАРКИНГ, А ПРАВЕЛ „ТЕРЕН“ ЗА ДИСКОТЕКА Еве доказ дека Ратко Димитровски и Општина Кочани уште во 2012 година категорично биле против

„Бараме да не се издава одобрение или лиценца за дискотека или ноќен клуб“, се вели во документ од Општина Кочани издаден во ноември 2012 година и проследен до директорот на Државниот пазарен инспекторат.

19,360

Дејан Јованов – Деко, еден од сопствениците на дискотеката „Пулс“ во Кочани, уште во 2012 година водел битка со тогашниот градоначалник Ратко Димитровски да добие лиценца. Дозвола за работа на таков објект издава Министерството за економија, но Деко морал да го подготви „теренот“ на локално ниво.

Така, во 2012 година, тој побарал паркинг простор на локација одалечена 250 метри од дискотеката на смртта, во зоната во која има капацитети на лесната индустрија. Дејан Јованов – Деко барал дозвола за својата фирма ДОО Класик ДМ.






Убеден дека таа фирма се занимава со некакво производство, раководителот на Одделението за уредување на градежно земјиште, Драги Илијевски, му издал документ (известување) на Деко за паркирање неколку возила на просторот кој служел како јавен паркинг (КП-16697/0 и 16898/0 на улицата Штипски пат бб).

Деко продолжил со притисокот за отворање дискотека. Откако градоначалникот Ратко Димитровски дознал за издаденото известување, му наредил на Илијевски да го поништи (сторено на 5 ноември) и да издаде ново, во кое јасно ќе се изрази несогласувањето на Општина Кочани за отворање дискотека.

Ова е новото известување што го издал и го потпишал Илијевски на 6 номеври 2012 година:

Во него јасно е наведено како дошло до недоразбирањето. Исто така, јасно го пишува следното: „По сите сознанија што ги имаме приобрано до сега, овој правен субјект сака да отвори дискотека, со кое ние не се согласуваме…“ И подолу во известувањето: „Од овие причини бараме да не се издава одобрение или лиценца за дискотека или ноќен клуб“.

Новото известување било испратено и до директорот на Државниот пазарен инспекторат.

За ова, Ратко Димитровски објаснува:

– Дејан Јованов во повеќе прилики вршеше притисоци да му се издаде лиценца, но мојот став беше јасен – нема услови за тоа. Од моментот на издавањето на ова корегирано известување, до крајот на мојот мандат во 2017 година, до мене, како градоначалник, не беше стасало никакво друго барање за одобрение или за лиценца за дискотека. Што правел сопственикот во Министерството за економија и како се снаоѓал таму, јас не знам, но се сомневам дека до 2017 година, а и неколку година потоа, лиценца не била издадена. Се сомневам дека сопствениците на дискотеката пред органите се „легитимирале“ со некои други документи, или им било прогледувано низ прсти. Очекувам сето тоа да се потврди во истрагата.

Поврзани содржини