ФОРМИРАНИ СЕ СТРУЧНИ ТИМОВИ ЗА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА Тимовите се во Кочани, Штип и во Пробиштип

Граѓаните кои имаат потреба од психосоцијална помош можат да се обратат на следните дежурни телефонски броеви: Кочани - 071/246 377, Штип - 076/475 050 и Пробиштип - 077/615 910.

157

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во соработка со Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и Штип, веднаш презема мерки за поддршка на семејствата погодени од трагедијата што се случи рано утрово во кочанската дискотека.

Во соопштението се наведува дека како одговор на оваа трагедија, на располагање се ставени стручни тимови за кризна интервенција, психосоцијална помош и поддршка за семејствата на починатите и повредените.






Овие тимови, составени од психолози, социјални работници и стручни лица, се подготвени да обезбедат непосредна и долгорочна поддршка за сите кои се соочуваат со болката и последиците од овој немил настан.

Се упатуваат сите граѓани кои имаат потреба од психосоцијална помош можат да се обратат на следните дежурни телефонски броеви:

– Кочани: 071/246 377
– Штип: 076/475 050
– Пробиштип: 077/615 910.

„Во овој тежок момент, ги повикуваме сите засегнати лица да ја искористат достапната помош, а институциите, локалната самоуправа и граѓанскиот сектор да продолжат со координирани напори за справување со последиците од оваа трагедија. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите, со надеж дека повредените ќе закрепнат што е можно побрзо. Министерството ќе продолжи да следи ситуацијата и да презема соодветни мерки за поддршка“, се наведува во соопштението.

Поврзани содржини