ФИЦО ЖЕСТОКО МУ ВОЗВРАТИ НА МЕРЦ ПО ЗАКАНАТА ЗА БУЏЕТОТ НА ЕУ „Ова е типична уцена“

Берлин бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Киев. На страната на Братислава застана и Прага, додека спорот се префрла врз седумгодишниот европски буџет.

2

Словачкиот премиер Роберт Фицо го обвини германскиот канцелар Фридрих Мерц за, како што вели, типична уцена, и порача дека нема да попушти пред неговите барања за финансирање на Украина. На критиките му се придружи и чешкиот премиер Андреј Бабиш, чија влада исто така одбива да учествува во новиот заем за Киев.

Мерц претходно сигнализираше дека Германија би можела да го блокира седумгодишниот буџет на Европската Унија доколку не се постигне договор за финансиската помош за Украина, објави „Гардијан“.






– Она што го прави канцеларот е типична уцена и јас нема да се предадам на тоа. Не знам зошто го кажува тоа – изјави Фицо пред новинарите во Братислава, на заеднички настап со Бабиш.

Германскиот канцелар бара сите членки на ЕУ да преземат дел од финансискиот товар. Во писмо до претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, тој предупреди дека помошта за Украина е нерамномерно распределена и главно ја обезбедуваат неколку земји.

Мерц побара финансиските потреби на Киев да бидат разгледани на самитот во Даблин во петок. Берлин истовремено се спротивставува на дарежливо финансирање од европскиот буџет за земјите што одбиваат да придонесат за Украина.

Унгарија, Словачка и Чешка веќе се иззедоа од претходниот заем за Украина од 90 милијарди евра. Сега навестуваат дека нема да учествуваат ниту во следната рунда финансирање. Кон нив се приклучува и Бугарија, предводена од премиерот Румен Радев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара дополнителни 70 милијарди евра за покривање на буџетскиот дефицит. ЕУ вети дека ќе обезбеди 45 милијарди, додека остатокот се очекува од други сојузници, меѓу кои Велика Британија и Канада.

Германија предлага одлуките за финансирање на Украина да се носат со квалификувано мнозинство наместо едногласно. Со тоа една земја-членка не би можела самостојно да ги блокира одлуките.

Спорот се префрла и врз преговорите за буџетот на ЕУ за периодот 2028–2034 година. Германија, како најголем нето-придонесувач, бара значително намалување на предложените расходи.

Претседателот на Европскиот совет сака договор до крајот на годината, пред изборите во Франција, Полска и Италија во 2027 година. Финансирањето на Украина ќе биде тема и на посебниот буџетски самит на 26 и 27 ноември.

МЕРЦ ЌЕ ГО БЛОКИРА БУЏЕТОТ НА ЕУ АКО ЧЛЕНКИТЕ НЕ ЈА ФИНАНСИРААТ УКРАИНА На Киев ќе му требаат 70 милијарди евра вгодина

 

Поврзани содржини