ФЕВРУАРСКАТА ИНФЛАЦИЈА ИЗНЕСУВА 5% Цените на мало во февруари се намалиле за о,6%

Инфлацијата во февруари во однос на јануари годинава се зголемила за 0,5%.

79

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари  годинава, изнесува 0,5%, додека цените на мало се намалени за 0,6%, објави денеска Државниот завод за статистика.

На годишна основа инфлацијата во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, е зголемена за 5%, а цените на мало се зголемени за 4,2 %.






Според ДЗС, зголемувањето на инфлацијата во февруари во однос на јануари годинава е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 1,4%, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,8%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0,6 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,5%, Здравје за 0,2 %и Комуникации за 0,1%.

Во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3%, Облека и обувки за 0,3%, Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за 0,2 %. Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во февруари во однос на јануари годинава се намалени за 0,6%.

Поврзани содржини