🎥 ХРВАТСКА ИНФЛУЕНСЕРКА СО МАЛО ДЕТЕ БЕГАЛА ОД ПОЖАРОТ ВО ОМИШ „Само го зедов син ми и бегај, бегај…“

За состојбата со пожарот во нејзиниот роден град Омиш во кој до утрото изгореле речиси илјада хектари, а седум лица се тешко повредени, во видеа на Тик-Ток раскажа и инфлуенсерката Вероника Баришиќ откако го напуштила домот заедно со својот син

38

На социјалните мрежи се шират видеа од пожарот кој го зафати хрватскиот град Омиш, во Хрватска, корисниците нудат помош за евакуираните, а се упатуваат и благодарности до пожарникарите кои до утрото успеале да го смират пожарот, па во моментов нема отворен пламен.

Меѓу видеата на Тик-Ток се огласи и хрватската инфлуенсерка Вероника Баришиќ, која на своите следбеници им објасни каква е состојбата во нејзиниот роден град Омиш, каде што и живее. Таа објави три видеа во кои раскажува како ја напуштила куќата со своето дете и како огнот во текот на ноќта голтал сè пред себе. Напомена и дека нејзината куќа се наоѓа непосредно до подрачјето зафатено од пожарот.






Таа раскажа дека вечерта околу 20:30 часот се вратила со синот од лунапарк, слушнала пожарникари и полиција и најпрво помислила дека станува збор за сообраќајна несреќа. Подоцна на Фејсбук видела дека гори во Локва Рогозница, но во тој момент пожарот бил мал, па потоа заспала. Само два часа подоцна ситуацијата драматично се променила и пожарот се проширил до центарот на Омиш.

– Таму имаше толку многу работа. Немаше вистинска евакуација, полицијата не можеше да стигне… Немаше доволно луѓе. Гореше и небото и земјата, од врвот на омишката планина до морето – раскажува таа во едно од видеата.

@verekraljica

♬ izvorni zvuk – Veronika Barišić

Баришиќ откри и дека нејзиниот сопруг се обидел да стигне до нив, но не можел да помине бидејќи огнот бил насекаде.

– Не успеав ништо да спакувам. Гореше веднаш над куќата. Само го зедов син ми и бегај, бегај… Сите бегавме, имаше огромна колона, се возеше во две ленти – раскажа инфлуенсерката.

Таа додаде дека биле евакуирани во Дуче и дека сè уште не знаат во каква состојба е нивниот дом, бидејќи, како што вели, „не може да се приближи до Омиш“.

@verekraljica

♬ izvorni zvuk – Veronika Barišić

Инфлуенсерката споделуваше и видеа од свои познаници кои биле на местото на настанот, како и вознемирувачки фотографии на кои огнот го голта подрачјето околу градот. Под нејзините објави следбениците ѝ испратија бројни пораки со поддршка, а видеата досега ги погледнале околу сто илјади корисници.

Поврзани содржини