РОНАЛДО НЕ ГО ПОКАНИ НА СВАДБА НИТУ СВОЕТО СЕМЕЈСТВО Мајката, двете сестри и братот на фудбалската ѕвезда не присуствувале на церемонијата

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се венчаа во нивната нова вила во Лисабон, вредна 30 милиони фунти, без неговата мајка, сестрите и братот, кои според португалската ТВ-водителка Кристина Ферејра, дознале за венчавката само околу 30 секунди пред пред почетокот на церемонијата.

208

Според информациите што ги објави „Дејли мејл“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез кои се венчаа на 11 август во Каскаиш, кај Лисабон, на интимната церемонија во нивниот нов дом, вреден околу 30 милиони фунти, не присуствувале мајката на Роналдо, Долорес Авеира, ниту неговите две сестри Елма и Катја и братот Хуго.

На свадбата имало само четворица сведоци и децата на парот. Меѓу сведоците била сестрата на Георгина, Ивана, долгогодишниот пријател на Роналдо, Мигел Пешао, како и шпанскиот брачен пар Хозе Родригез Сангил и Моника Гонзалес Мартинез. Според португалските медиуми, матичарот специјално допатувал од Порто за да ја изврши церемонијата. Така, наместо голема семејна прослава, парот избрал круг од само неколку најблиски луѓе.






Особено интересни се тврдењата за тоа кога семејството на Роналдо дознало дека тој ќе се ожени. Португалската ТВ-водителка Кристина Ферејра изјавила дека Долорес и братот и сестрите на фудбалерот наводно биле известени само околу 30 секунди пред венчавката. Нејзиниот колега Клаудио Рамос, сепак, повикал на внимателност и нагласил дека ваквите информации не треба да се толкуваат како доказ за семејна караница. Тврдењето засега не е потврдено од Роналдо или неговите блиски.

Отсуството на Долорес е особено забележливо бидејќи таа со години има многу блиска врска со својот син. Дополнителен интерес предизвикува фактот што, и покрај тоа што не била на свадбата, Долорес оставила срце под објавата со која Роналдо ја потврди венчавката. Слична реакција на социјалните мрежи имала и една од неговите сестри, Катја, која во моментот била во Португалија. Тоа покажува дека нивното отсуство од церемонијата не мора нужно да значи дека семејните односи се нарушени.

Во меѓувреме, откриени се и други детали од венчавката. Роналдо и Георгина наводно потпишале предбрачен договор само еден ден пред свадбата, со кој го задржале одделното управување со својот имот. Иако се заедно од 2016 година, а свршувачката ја објавија во август 2025 година, тие успеаја да ја скријат точната локација на церемонијата. Претходно илјадници фанови дури се собраа пред катедралата во Фуншал, мислејќи дека токму таму ќе се венчаат.

По свадбата, Роналдо и Георгина објавија само фотографија од своите раце со венчалните прстени и кратката порака „C❤️G“. Фудбалерот потоа се врати на тренинзите на Ал-Наср во Саудиска Арабија, каде соиграчите и тренерот Анге Постекоглу му честитаа за бракот.

Поврзани содржини