ЕВРОПРАТЕНИЦИ БАРААТ НЕЗАВИСНОСТ ОД НАТО Декларација за европски одбранбен сојуз

Да сметаме единствено на САД за одбрана на Европа е опасен ризик, се вели во соопштението на европратениците кои потпишаа декларација за брзо создавање европски воен сојуз.

1

Нов меѓупартиски сојуз на европратеници повикува  брзо да се создаде европски одбранбен сојуз, јави ДПА.

„Да сметаме единствено на САД за одбрана на Европа е опасен ризик“, се вели во соопштението потпишано од пратеници од целиот политички спектар, вклучувајќи ги Германците Мари-Агнес Штрак-Цимерман, Михаел Галер и Тобијас Кремер.

Европратениците наведуваат дека се потребни структури што ќе им овозможат на земјите да дејствуваат дури и без НАТО доминиран од САД во случај на вонредна состојба, вклучувајќи соодветни командни структури и сили за брза реакција.

„Владите на ЕУ велат дека се подготвени да ги зајакнат своите воени капацитети, но им недостасува вистинска решителнос. Краткорочните национални интереси продолжуваат да го блокираат вистинскиот напредок во купувањето одбранбена опрема. Заедничката набавка би можела да заштеди до 100 милијарди евра годишно“, се вели во текстот.

Во декларацијата не споменува нуклеарно одвраќање, а германскиот европратеник Лукас Ципер рече дека новата група ќе го разгледа ова политички чувствителното прашање подоцна.

Поврзани содржини